Ако мислевте дека во месец aприл е сè уште рано да се одбере летната дестинација каде што може да се патува, тогаш оваа девојка го докажува спротивното
Во бикини, летна атмосфера и планови за патување, оваа дама си ја одбра омилената дестинација каде што ќе патува ова лето.
Сите граѓани ќе можат да си го одберат местото каде што ќе може да патуваат, летуваат и уживаат во следниот период. Вистинските одлуки и решенија се прават кога имате избор, а голем избор овој пат има на Саемот за туризам кој нуди повеќе од атрактивни, ексклузивни и интересни места кои вреди да се посетат и видат.
Саемот за туризам оваа година се одржува од 7-ми до 9-ти мај на Скопски саем. Меѓународниот саем за туризам “Скопје травел маркет” со својот изложбен дел, пратечките актуелни стручни програми, како и забавни содржини за публиката е важен маркетиншки настан за презентација и промоција на актуелните туристички дестинации и услуги.