Девојка за да не падне во рацете на ИСИС се застрелала самата во глава (Видео)


19-годишната девојка Сељан Озалп Курдите ја сметаат за еден од заштитните симболи на борбата против исламистите на Исламската држава. Нејзината судбина не е позната по веста дека во една борба извршила самоубиство.

Турските медиуми јавиле дека, откако останала без муниција борејќи се против фанатиците на Исламската држава кај градот Кобане во Сирија, Озалп со последниот куршум си го одзела животот, за да не им падне во раце на оние што би ја мачеле, силувале и на крајот најверојатно би ја убиле.

devojka se ubila isilСпоред одредени извори, Сељан пред овој чин преку радио им се јавила на своите соборци и се збогувала со нив.

Додека дел од медиумите тврдат дека храбрата воинка си го одзела животот, меѓу Курдите се зборува дека е и понатаму жива и дека се бори со истата решителност.

Извештаите за нејзиното можно самоубиство се јавиле само неколку недели по интервјуто за Би-би-си во кое Сељан самата кажала дека попрво би се убила отколку да дозволи да им падне во раце на фанатиците.

„Ние не се плашиме од ништо и ќе се бориме до крај. Попрво би се разнеле, отколку да ѝ се покориме на Исламската држава“, кажала тогаш Сељан.

Коментирајќи го големиот број жени борци меѓу курдските сили таа објаснила дека џихадистите особено се плашат од нив.

„Тие се преплашени кога ќе видат жена со пушка. Тие себеси се гледаат како „мажишта“, додека жената во нивни очи е мало нешто. Но, една наша жена вреди повеќе од 100 нивни мажи“, изјавила за Би-би-си Озалп, чие војничко име е Дирен, што значи „отпор“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1