Напишана пресудата за „Монструм”: На 200 страници образложени доживотните пресуди за Смиљковскиот масакр


На околу 200 страници испишана е пресудата за случајот Монструм. Од кривичниот суд информираат дека завршила писмената изработка на пресудата, објави Канал 5.

Три месеци откако беа јавно објавени 6те доживотни пресуди и една ослободителна за петкратното убиство кај Смиљковското езеро пресудата ќе биде испратена до обвинетите и адвокатите кои велат дека со нетрпение чекаат да го прочитаат образложението и да поднесат жалби до Апелација.ubieni smiljkovsko ezero

Тие во меѓувреме поднеле и претставки до повисоките судови и до Судскиот совет бидејќи велат рокот од 60 дена за изготвување на пресудата истече на 30ти август.

Од Кривичниот суд објаснуваат дека било потребно дополнително време за пишување на пресудата токму поради сложеноста на предметот обемниот доказен материјал но и и тежината на кривичните дела. И Апелација и Судскиот совет на претставките но одбраната одговориле дека сложеноста на предметот е причина за дополнителното време, стои во соопштението на кривичниот суд.monstrum2

Судијата кој постапува во конкетен предмет има законска и морална обврска својата одлука темелно да ја образложи во сите нејзини аспекти, објективно и непристрасно да ги оцени сите факти и околности кои беа презентирани за време на судењето кое траеше околу 18 месеци, ценејќи ги истовремено и правата на обвинетите. За судот на правдата ниеден рок не е поважен од човековите судбини за кои постапува, па токму затоа обидите за било каков притисок за набрзина да се напише предмет за ваков сериозен предмет ги отфрламе како несериозни.

Пресудата ја чека и обвинителството кое најави жалба за ослободителната пресуда за Сејди Рами. Копјата на одбраната и обвинителството повторно ќе се судрат на јавна седница во Апелацискиот суд која ке биде закажана кога ке поминат сите процедури, а според досегашните искуства за посложените судски процеси, до тогаш може да поминат повеќе месеци.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1