Хедер Мекгилион (24) преживувала пекол додека се породувала и на свет го донела своето бебе, за разлика до нејзиното момче Адонис Родригез, кој во тоа време бил оддалечен со киломтери и се женел со друга. Тој својата сегашна сопруга случајно ја запознал во Доминиканската република и решил да се ожени.
Хдер од Шкоткс асе преселила во велика Британија за таму да го роди детето зошто имало подобри услови. Нејзиното момче и татко на детето, Адонис морал да се врати во Доминикана зошто му истекувала визата, или барем така ја убедил Хедер.
Откако го родила синот Диего, Хедер ја отворила пораката во која се наоѓала фотографија од венчавката на Адонис и неговата новопечена сопруга.
-Кога ја видов фотографијата имав чувство дека ме удрил автобус. Бевме разделени само неколку недели, невозможно е во толку кус период да се организира венчавка. Мислам дека ме лажел цело време, рече Хедер.