Девојката на Лубиц била бремена


Девојката со која што требало да се ожени осомничениот копилот Андреас Лубиц била бремена со негово дете. Жената чие име Катрин Голдбах се појавува за прв пат во медиумите, а со која што Лубиц бил во нестабилна врска во последниве седум години разбрала дека е трудна пред неколку недели, пренесува МИА.

Според германскиот весник „Билд“ Голдбах е учителка со која Лубиц бил во долгогодишна врска со многу прекини. Таа врската со Лубиц конечно ја прекинала по неговото променливо однесување, кое што медиумите го нарекуваат синдром на „Доктор Џекил и Мистер Хајд“, поради што таа била загрижена за личната безбедност.devojka kopilot

Според германските медиуми девојката на Лубиц ја прекинала врската поради неговото однесување само неколку недели пред трагедијата во Француските Алпи.

Голдбах во моментот на несреќата сеуште живеела во заедничкиот стан но почнала да бара ново живеалиште поради неговата желба да има целосна контрола врз нејзиниот живот.

Според засега се уште непотврдени информации во станот на Лубиц полицијата пронашла „мала планина со апчиња“, поради тоа што пилотот одбивал да ги пие препишаните антидепресиви.

Медиумите пренесуваат и информации за негово неверство со стујардеса, колешка од „Џерман вингс“, поради тоа што се чувствувал несигурност и постојано барал апсолутно внимание.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1