Девојката на Немцов му била љубовница на командантот на украинските платеници!


Украинската манекенка Ана Дурицкаја (23), позната и како последна девојка на рускиот политичар Борис Немцов, но и како единствен сведок на неговото убиство, се забавувала и со командантот на украинскиот приватен платенички баталјон “Дњепр-1”, Јуриј Береза. Береза, кој е министер во украинскиот парламент, е и понатаму нејзин голем обожавател. nemcov 33 Доброволниот баталјон на Береза е инаку една од десетината единици кои оваа година ги формирале активистите од Мајдан и ултранационалистите од Десниот сектор. Во едно недамнешно истражување на Обединетите Нации за состојбата на човековите права во Украина во периодот од 18-ти август до 16-ти септември, наведено е дека доброволните баталјони како што е “Дњепр-1” се виновни за прекршување на меѓународните хуманитарни права.

“Украинска врска” како коментар сè почесто се споменува кога станува збор за убиството на Борис Немцов. Познатиот руски политички аналитичар Сергеј Марков од самиот почеток тврди дека атентатот врз Немцов го извела Службата за безбедност на Украина со цел да се направи дестабилизација на политичката сцена во Русија.

Многу аналитичари исто така кажуваат дека е чудно тоа што убиецот дозволил токму сведокот на убиството – Ана Дурицкаја – да остане жив.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1