Дежурни аптеки и болници за Велигден


Министерството за здравство соопшти дека за време на претстојниот празник и продолжен викенд се обезбедува континуирана здравствена заштита на граѓаните преку дежурства во здравствените домови и службите за итна медицинска помош, како и преку организирани дежурства од матичните лекари.

Од Здравствен дом-Скопје информираат дека за празничните денови е обезбедена 24 часовна здравствена  заштита на граѓаните преку 8 дежурни пункта во: Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Чаир, Идадија, Бит Пазар, Ченто, Јане Сандански и Драчево, како и во Службата на Итна медицинска помош, што е редовна воспоставена практика за сите неработни денови, во недела и државен празник. Исто така, в сабота (11 април) е организирано редовно дежурство на специјалистичката служба во Поликлиника Букурешт во периодот од 8 до 16 часот, каде ќе се вршат прегледи закажани преку МојТермин, додека за петок и понеделник нема закажано прегледи.urgenten 8 septemvri bolnica mk

Инаку, во сите општини во државата се обезбедува 24-часовна континуирана здравствена заштита за време на празникот и продолжениот викенд.

Здравствен дом Штип обезбедува континуирана здравствена заштита на населението во Итната медицинска помош со покриеност од 24 часа.
Здравствен дом Велес-Службата за Итна медицинска помош и домашно лекување има организирано 24 часовна континуирана здравствена заштита за време на празникот и продолжениот викенд.

Во Здравствен дом Куманово дежурната служба (ноќна амбуланта) ќе работи од 08 до 24 часот, Итната медицинска помош – континуирано од 08 до 20 часот и од 20 до 08 часот, а Домашна посета од 08 до 20 часот.

Во Здравствениот дом Кочани Итната медицинска помош за време на престојниот празник (сите денови од петок до понеделник) ќе пружа 24- часовна здравствена заштита со екипи од доктор, сестра и возач. Изготвени се распореди за подготвеност на екипи за повик, а во ноќните часови на располагање на Итната медицинска помош ќе биде обезбедена и дежурна служба при Здравствениот дом.

Здравствен дом Струмица организира дежурства во амбулантата на Итна медицинска помош во Струмица и во Ново Село за пружење здравствена заштита на населението од општина Струмица, Василево Босилово и Ново Село.

Здравствен дом Гевгелија организира здравствена заштита во Стар Дојран и тоа: од петок до понеделник  во периодот од 09 до 21 часот во амбулантата која се наоѓа во Стар Дојран.bolnica_bitola

Во рамки на Здравствениот дом Валандово, Службата за ИМП ќе функционира како и во другите денови, односно во текот на 24 часовно работно време (дежурство), и ќе бидат организирани дежурства по укажана потреба.

Здравствениот дом Битола организира континуирана здравствена заштита преку Службата за Итна медицинска помош, во смени од 8 часови, во тек на 24 часа.

Во рамки на Здравствениот дом Прилеп – функционира Службата за Итна медицинска помош со 24 часовно работно време во тек на викенд и државни празници.

Здравствените домови во Крушево, Ресен, Демир Хисар обезбедуваат континуирана здравствена заштита на населението во тек на 24 часа, а во рамки на Здравствениот дом Кавадарци, Службата за Итна медицинска помош ќе работи 24 часа, како и амбулантата на ИМП, која функционира 24 часа во денот.

Здравствен дом Неготино организира континуирана здравствена заштита преку службата за Итна медицинска помош, а во рамки на Здравствен дом Кратово, Службата за итна медицинска помош е организирана 24 часа, а по потреба се повикува наредната дежурна екипа. bolnica

Здравствен Дом Охрид за деновите на празникот и продолжениот викенд, својата работа ја организира преку Службата за итна медицинска помош и домашно лекување за што има обезбедено медицински екипи 24 часа дневно. Службата за итна стоматолошка помош работи секој ден од 20 часот до 7 часот наредниот ден.

Во рамки на Здравствениот дом Тетово дежурната служба ќе работи од петок до недела, а в понеделнилник ќе работи итната медицинска помош и биохемиската лабораторија. Дежурна екипа ќе работи и во ургентната стоматологија.

Здравствен дом – Дебар организира дежурства во Дебар и во Центар Жупа. Воедно, работи и Службата за Итна медицинска помош. За време на празникот се реализираат 24 часовни дежурства во Здравствениот дом, Службата за итна медицинска помош и Дежурните служби во Дебар и Центар Жупа.

Во Здравствениот дом Ростуше  во периодот од 7 до 15 часот сите служби ќе работат како и секој работен ден. Во понеделник (14 април) е организирано непрекинато 24- часовна дежурна служба во седиштето на Здравствениот дом, во село Ростуше, а по потреба ќе бидат вклучени и матични лекари со своите тимови, а во Здравствена станица Липково дежурната служба е организирана со 4 тима во текот на 24 часа.

Во рамки на Здравствениот дом Гостивар – Службата за Итна медицинска помош на територијата на општина Гостивар и општина Врапчиште со околните места се опфатени со 24 часовна здраствена заштита, а Здравствениот дом Струга – обезбедува 24 часовна континуирана здравствена заштита за овој регион преку Службата за Итна медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом-Струга.

Во рамки на Здравствениот дом Кичево, здравствената заштита на пациентите за време на празникот и продолжениот викенд ќе се спроведува во просториите на ИМП-Кичево во тек на 24 часа, освен во утре (10 април) кога се организирани дежурства од матични лекари од 08 до 20 часот.

Во Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Вевчани, здравствената заштита ќе се одвива континуирано во текот на 24-часа секој ден. Во амбулантата во с.Лабуништа екипи од итната помош ќе работат од 13 часот по пладне до 24 часот на полноќ секој ден.

Здравствен дом Крива Паланка организира 24-часовни дежурства во болничкиот одел, на Интерно и Хирургија со специјалист од соодветната специјалност. Службата за ИМП е организирано во 24- часовни дежурства. Покрај дежурства и сменска работа е изготвен и распоред за подготвеност на уште еден дежурен тим. Исто така, во сабота (11 април) ќе работат по 8 часа лабораторијата и рендген одделението.

Во рамки на Здравствениот дом Берово – Службата за Итна медицинска помош ќе работи сменски со доволен број на  екипи за време на празниците и продолжениот викенд, а Здравствениот дом Радовиш има организирано дежурни екипи во Службата за Итна медицинска помош за време на продолжениот викенд и празник.

Здравствен дом Свети Николе за време на празниците  и продолжениот виќенд ќе пружа  здравствената заштита на населението континуирано 24 часа организирана  од страна на ИМП, која работи во три смени. Во тимовите кои работат се вклучени: доктор, медицинска сестра,акушерка и возач. Во сабота (11 април), покрај службата за  ИМП, во Здравствениот дом прва смена ќе работи и биохемиската лабараторија од 07:30 до 15:30 часот. Останатиот персонал е на повик, доколку има потреба од дополнителни ангажирања.

Во рамки на Здравствениот дом Пробиштип – во Службата за итна медицинска помош е организирано 3 сменско работење за обезбедување 24-часовна здравствена заштита.

За време на претстојниот празник и продолжен викенд, на територијата на град Скопје ќе работат дежурните аптеки: Зегин-Буњаковец, Еурофарм-Тафталиџе, Виола7-Тобако (Аеродром) и Зегин-МНТ, кои работат 24 часа.

И во останатите градови во државата ќе работат дежурни екипи, согласно распоредот објавен на веб страната на Фондот за здравствено осигурување нa Македонија (http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=ABC00C359E9DFA4C8FF3179F4C81C4F0)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1