Дежурните екипи на терен – Македонија Пат ги расчистува патиштата низ земјата


Поради врнежи од снег забрана за движење на тешки товарни возила има на планинските премини Стража и Пресека, додека на патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за тешки товарни возила и автобуси.sol sneg
Од 17 часот на патниот правец Р1202 од Мавровска крстосница Маврови Анови – Дебар и обратно, поради врнежи од снег сообраќајот е оспособен за патнички моторни возила, но во отежнати услови, додека забраната за движење на тешки товарни возила сеуште важи.
Дежурните екипи на Македонија Пат се на терен и ги расчистуваат сите патни правци и се очекува во наредните неколку часови да се отстранат сите забрани.
Поради врнежи од снег во западниот дел од државата, АМСМ препорачува да се користи патниот правец Скопје – Велес – Прилеп – Битола за Охрид и Струга и обратно.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1