Масните клетки задржуваат вишок енергија и му ги сигнализираат енергетските нивоа на мозокот. Новото истражување на д-р. Георгос Паскос покажува дека изолирањето на CLOCK генот Arntl, познат и како Bmal1, од масните клетки, предизвикува дебелеење кај лабораториските глувци со променување на времето за оброк кога овие ноќни животни обично јадат. Ова истражување помогна во објаснувањето на дебелеењето кај луѓето.
Паскос објаснува дека гувците станале предебели иако не внесувале многу калории, само затоа што времето на јадење било променето и тие јаделе кога всушност требале да спијат.
Ова покажува сличност со дебелеењто кај луѓето поврзано со јадењето ноќе, како што објаснил Алберт Станкард во 1955.
Дневниот внес на храна е предводен од осцилирачки експресии на гените кои поттикнуваат и спречуваат аптит во хипоталамусот. Кога часовникот во масните клетки е нарушен, ритамот на хипоталамусот се нарушува исто така предизвикувајќи потреба за храна во време кога таа не би требало да се појави. Преку ден кај глувци и ноќе кај луѓе.
Со промена на типичниот секојдневен ритам, метаболизмот исто така е променува. Кај луѓе кои работат ноќна смена и кај луѓето кои имаат проблеми со спиење се јавува проблем и со тежината.
За повеќе информации околу истражувањето на Георгос Паскос и ФицГералд, клинкете на линкот: