Џабе медицина: 9 од 10 нови лекови не се подобри од оние кои веќе ги има на пазарот


Доволни е да знаете само неколку факти за индустријата со лекови. Само еден во десет производи кои се одобруваат од Администрацијата за храна и лекови на САД се поефикасни од претходните лекови. Над 50.000 луѓе се примаат во болниците секоја недела поради последици од штетни лекови, а 2.400 од нив умираат.

lekovi-foto-D-JEVREMOVICHКомпаниите за лекови трошат приближно 1,3% од приходите за откривање нови молекули. Тие трошат 25% од приходите, односно 19 пати повеќе, на маркетинг.

Ова се само некои од поентите во неодамнешното истражување од страна на „Списанието за право, медицина и етика“. Авторите на истражувањето, водени од Доналд Лајт од „Харвард“, пишуваат дека компаниите за лекови не се ниту приближно „иновативни“ како што тврдат.

Фармацефтските компании навистина произведуваат многу нови лекови. Но, повеќето се само нови идентични верзии на претходните лекови. Компаниите користат патенти и други видови заштита за да создадат нови лекови со малку или без нови поволности и ги наплаќаат поскапо.

Администрацијата за храна и лекови на САД е барем делумно виновна за ова. За почеток, фармацефтските компании може да тестираат нови лекови за „плацебо“ ефект, но не мора да ги споредуваат со ефикасни третмани кои веќе постојат на пазарот.

Потоа, Администрацијата за храна и лекови им дозволува на компаниите да создаваат пробни периоди на начини кои го намалуваат откривањето на штетните ефекти и ги зголемуваат доказите за поволностите, на пример, со тоа што не се споменуваат луѓето врз кои лекот делувал штетно

Авторите на истражувањето бараат реформи во Администрацијата за храна и лекови. Освен тоа, тие им препорачуваат на потрошувачите дабидат повнимателни со новите лекови. „Немојте да користите ништо што не било на пазарот најмалку 7 години, освен доколку не морате“, порачуваат тие.

Факултети.мк
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1