Не се оптоварувам со зборовите на Шешељ, рече претседателот на Собранието Талат Џафери, на прашањето на новинарката на српската телевизија N1, како ја коментира изјавата на лидерот на Српската радикална партија, Војислав Шешељ, дека Џафери е терорист.
– Во Србија сум на покана од претседателката на Собранието. Јас сум фокусиран на причината поради која сум тука – нагласи Џафери од Белград, каде е во прва официјална посета како собраниски спикер.