„СКОПЈЕ 2014“ Каруселот си замина од плоштад


Kaруселот што беше поставен на плоштадот „Македонија“, на кејот на Вардар, како дел од проектот „Скопје 2014“, веќе го нема. Тој е демонтиран и дислоциран од бетонската кружна платформа. На овој простор се останати уште двете вртелешки кои тука беа донесени од паркот „Луна“, додека заврши изградбата на новиот забавен парк. Според најавите, наскоро и тие ќе бидат дислоцирани, исто како и каруселот.

Демонтажата ја прават екипите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, кои наскоро тоа ќе го сторат и со вториот карусел, сместен на просторот кај црквата „Света Богородица“ пред една година. Според неофицијалните информации, едниот карусел ќе биде преместен во Паркот со авионот во Аеродром, а другиот во паркот во Чаир.

Отстранувањето на каруселите и вртелешките се врши по налог на Град Скопје. Оние на плоштадот им пречеле на минувачите и на велосипедистите, а оној кај црквата никогаш и не проработе поради проблеми со поврзување со струја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1