Џафери: Нема да закажам седница за да не се злоупотреби за предизборна кампања


Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, денеска во разговор со новинари, кажа дека нема да закаже седница во предизборниот период за да не се злоупотреби.

– „И да се договорат сега, не можам да закажам таква седница, зашто досегашната пракса покажала дека пратениците на такви седници си тераат предизборна кампања. Тоа нема да им го допуштам. Нека контактираат овој период, нека се договорат и нека ги надминат разликите за СЈО, нема проблем да закажам седница по 6 мај, кога ќе бидат завршени претседателските избори“, одговори спикерот Џафери, пренесе СДК.МК.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1