Џафери очекува ВМРО – ДПМНЕ да ги повлече амандманите, опозицијата не се откажува


Талат Џафери очекува ВМРО-ДПМНЕ да ги повлече амандманите на Законот за јазиците. Тој утрово на брифинг со новинарите и порача на опозицијата наместо инает да демонстрира конструктивност.

Џафери вели дека власта е решена да го донесе овој закон и ако ВМРО-ДПМНЕ не се повлече од блокадата, тој е подготвен во наредните 6 месеци буквално да живее во Собранието.

Во неформалниот разговор со новинарите. Џафери ја отвори и можноста амандманите воопшто да не влезат во пленарната сала. Според Џафери, сите забелешки во амандманите се однесуваат на усогласеноста на Законот за јазиците со Уставот, па според него, Собранието нема надлежност да се произнесува по нив, бидејќи тоа било работа на Уставниот суд.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тоа е надвор од умот. Според нив, никој не може да го ограничи ниту правото на пратениците да поднесуваат амандмани ниту пак обврската на Собранието да се произнесе по нив

Од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повторија дека ја разбираат потребата на Албанците за едно вакво законско решение но и дека очекуваат за Законот за јазиците да се остави простор за јавна расправа земајќи ги предвид забелешките на стручната јавност.

Од ДУИ велат дека во време кога државата се наоѓала пред историски предизвици потребно е опозицијата да биде конструктивна. Пратеникот Артан Груби во писмено соопштение нагласува дека опозицијата останува заробена во како што вели бремето на своето скоро неславно минато покажувајќи неразбирање за денешницата и очекувањата на граѓаните.

Во СДСМ втор ден молк. Пратениците на најголемата македонска партија во власта и денеска како и вчера не ја коментираа состојбата во Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ минатиот викенд поднесе скоро 36.000 амандмани со намера да го блокира носењето на Законот за јазиците. Со слични методи во минатото се служеа и СДСМ и ДУИ, а Џафери за да го блокира законот за бранителите лично со денови молчеше и им читаше поезија на пратениците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1