Џафери призна зошто гласал воздржано за платата на Груевски


Талат Џафери, претседателот на македонското Собрание, заедно со опозиционерот Илија Димовски беа единствените кои гласаа „воздржано“ минатата недела за дополнување на Законот за пратеници со кој се предвидува пратениците кои ќе имаат казна затвор од 6 месеци, да го изгубат правото на пратеничка плата.

Тој за дебатниот магазин на ТВ21 „Click Plus“ рече дека кога се стопираше пратеничката плата на Груевски, гласал воздржано бидејќи сметал дека не се во целост почитувани законските процедури.

Џафери смета дека доколку Груевски ангажира адвокат во врска со донесената одлука за стопирање на неговата пратеничка плата, може да го добие спорот и да си ги врати парите и тоа со камата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1