Џафери се разболе пред средбата со началникот на српската војска


Министерот за одбрана Талат Џафери не оствари средба со началникот на Генералштабот на Војската на Србија, генералот Љубиша Диковиќ, кој е во дводневна официјална посета на Република Македонија.

talat

Иако беше најавено, министерот Џафери во последен момент ја откажал средбата поради, како што информираат од неговиот кабинет, здравствени причини. Оттаму информираа дека министерот вчераутро воопшто не дошол на работа, но не сакаа да кажат дали е настинка болеста или се работи за некој посериозен проблем.

Генералот Диковиќ се сретна само со неговиот колега, началникот на ГШ на АРМ Горанчо Котески, со кого се договориле за продлабочување на билатерланата соработка на двете војски. Една од договорите било и да се користат заедничките капацитети за изведување обука на двете војски. Српската војска во иднина ќе може да изведува вежби на полигонот Криволак и да ги користи Центарот за медицинска обука и Регионалниот центар за комуникација. За возврат специјалисти на АРМ од логистика и АБХО (атомско, биолошко и хемиско оружје) ќе вежбаат на полигонот во Крушевац.

Vecer

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1