Џафери: Уставните амандмани ќе се гласаат на 15 јануари


Комисиската расправа за амандманите на Уставот кои произлегуваат како обврска од Преспанскиот договор ќе започне на 17 декември, пленарната седница на Собрането треба најрано да биде закажана на 9 јануари идната година, а гласањето да се случи на 15 јануари, изјави денеска претседателот на македонското Собрание Талат Џафери.

-Денеска завршуваат последните две јавни распрви што ги организира Владата во Штип и во Тетово. Сега Владата има обврска да поднесе извештај до Собранието во однос на јавните расправи, како и предлог-амандмани кои ќе треба да се дебатираат во завршна фаза на пленарна седница. Согласно Деловникот, комисиската расправа ќе се случи на 17 декември на која ќе може да се предлагаат амандмани на предложените амандмани од страна на Владата. Со завршување на таа комисиска расправа која ќе тече според фазите што се предвидени во Деловникот, моите предвидувања се дека најрано на 9 јануари ќе се свика пленарна седница која треба да заврши на 15 јануари на која ќе се случи финално гласање на амандманите на Уставот, рече Џафери на заеднчката прес-конференција со неговиот албански колега Грамоз Ручи.

Во однос на изразената загриженост на лидерот на ДУИ Али Ахмети околу усвојувањето на уставните амандмани, Џафери смета дека тоа е веројатно, како што вели, апел за да се има внимание во постапувањето натаму за да не се иритира, односно провоцира ситуација која би била во спротивност со определбите за целосна имплементација на договорот од Преспа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1