Џамбазов: Шокиран сум, не се сеќавам некој некому вака да му посакал смрт!


Актерот Игор Џамбазов е шокиран и затекнат од последната колумна на сопственикот на порталот Мактел, Саше Ивановски, во која тој анализирајќи го неговиот живот, му посака смрт од цироза.  Во текстот кој изобилува со навредли и осудуи, Ивановски се обидува да го анализира животниот пат на Џамбазов и го обвинува дека е лош пример поради кој младите во Македонија се одлучуваат на пороци, пренесува Плус Инфо – делови од колумната не објавуваме зошто таков речник и такви клетви не доликуваат ни на улица а камо ли во јавност.

Колумната ги запали социјалните мрежи и предизвика негативни реакции во јавноста, како и кај колегите актери на Џамбазов.

dzampazov – Уште сум шокиран и сите сме затекнати од тоа што го напишал Саше Политико. Јас не користам Фејсбук, па не сум во ситуација да следам што се случува, но дознав за ова од пријатели. Сите се шокирани. Уште не ми е јасно што го мотивирало тој текст. Секој би бил погоден. Јас не се сеќавам некој некому на ваков начин да му посака смрт. Но, сега имам важна работа со концертот што го подготвувам, атмосферата е еуфорична, во моето окружување е динамично, подготвуваме тричасовно шоу. Многу ми е мака што Саше не разбрал ништо од она што сум го сработил во животот – вели Џамбазов за Плусинфо.

Текстот на Ивановски не е мотивиран од лични недоразбирања ниту несогласувања, бидејќи, како што тврди Џамбазов, со сопственикот на Мактел се сретнале само еднаш, на поминување, при што одбил да му гостува во поранешната емисија „Политико“.

Колешката на Џамбазов, актерката Весна Петрушевска, со револтирана реакција се огласи на Фејсбук, обраќајќи му се на Ивановски:

„Кој е твојот легитимитет? Што си сторил ти во твојот живот? Јас и покрај одредени недоразбирања со Игор, го почитувам бескрајно. Тој уште за мене е најдобриот шоумен во Македонија, одличен глумец, исклучително благодарен партнер на сцена, бескрајно емотивен и одличен музичар. Ти, можеш што сакаш да чкрабаш и со тоа да привлекуваш читатели на твојот сајт, но кажи ми, која е цената? Посакување на нечија смрт, омаловажување на еден човек? Згора на сè, ти си тој што ја срами новинарската фела, ти дечко израсна со сила, со боксови, со примитивност, со беда“, напиша Петрушевска во дел од својата реакција.

Повеќе на Плус Инфо 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1