Џамбазов во борба: Воведува празник на урбаната култура!


Под мотото „Мразам плејбек“, македонскиот шоумен Игор Џамбазов преку Фејсбук профилот на својата мачка го најави претстојниот „Џамбо фестивал“.igor-630x630

На 26-ти Декември, како што вели „традиционално“… веќе по прв пат неуморно ќе се бори против кичот, шундот и турбо фолкот.

Фестивалот го најавува како празник на урбаната култура во траење од шест часа.

„Последната вистинска забава во оваа мачна и тешка 2015 година. Македонијо, дојди да видиш колку си талентирана!“-напиша Игор.

Имено, на сцената во „Метрополис арена“ ќе се појават околу стотина луѓе кои ќе придонесат за офанзивна музичка борба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1