Популарниот британски готвач Џејми Оливер се вклучи во акцијата за собирање пари за жртвите на катастрофалниот земјотрес во Италија и најави дека дел од приходот од секоја порција паста „аматричана“ ќе биде дониран за помош во спасувањето и згрижување на загрозените лица.
На социјалните мрежи тој посочил дека две фунти од секоја продадена порција ќе бидат уплатени за жртвите на земјотресот
Парите ќе бидат наменети за противпожарните екипи, за изградба на кампови и за купување храна, облека и лекови
„Навистина верувам дека на овој начин можеме да собереме илјадници фунти“, изјавил тој
Италијанските власти соопштија дека бројот на загинатите во земјотресот , што пред два дена ја погоди централна Италија се качил на 267, а повредени се 387 лица.