Џејми Оливер во својот ресторан вработил педофил кој силувал 12-годишно девојче


Светски познатиот кувар Џејми Оливер (39) е познат по тоа што сака да им помага на децата и на луѓето со послаб социјален и економски статус. За тоа служи и неговата програм „Fifteen“ во која им дава шанса на проблематичните млади во неговиот ресторан да стасаат во вистински готвачи. Учесниците во програмта се оние кои како „деца“ имале проблеми како зависности, полесни престапи и слично.

Меѓутоа, Џејми Оливер се најде под лупа и остра осуда на јавноста поради тоа што во својот лондонски ресторан „Fifteen“ вработи осуден педофил, пренесуваат британските медиуми.proxy

24-годишниот Дејвид Мејсон го признал силувањето на 12-годишното девојче пред пет години, а за такво злосторство отслужил казна во траење од четири години. Тој на 19-годишна возраст го силувал девојчето поради што поминал две години во поправна установа за млади, а две години бил на условна казна.

На тимот на познатите готвачи им се придружил пред шест недели, во склоп на проектот на вработување луѓе кои се проблематични или од разни причини се во неповолна општествена положба.

Мејсон е слободен од оваа година, а Џејми смета дека и нему треба да му се пружи втора шанса.

– Беше потполно искрен за своето минато во пријавата, а ние одлучивме дека треба да му пружиме прилика, бидејќи ја отслужил својата казна – изјавил портпаролот на Оливер.

Многу обожаватели на славниот готвач ом осудуваат неговиот потег бидејќи бројни луѓе кои не извршиле никакво злосторство и не бил насилни сонуваат за таква прилика, а Оливер ја дал на осудуван педофил.

Ова се само некои од коментарите на следбениците на Џејми Оливер на Твитер:

„Тажно е да се гледа дека си вработил осудуван силувач на деца. Неговата жртва има само 12 години“, стои во еден од коментарите.

„Силувач на деца како твој ученик? Па, отсега повеќе ја немаш мојата поддршка“, напишал друг корисник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1