Повеќе ресторани од ланецот „Џејмис италијан“ ќе бидат затворени, одлучил британскиот готвач, а како причина за тоа ја навел одлуката на Британија да излезе од Европската унија.
Одлуката за Брегзит довела до поскапување на состојките за италијанските јадења што Џејми ги подготвува.
– Секој сопственик на ресторан знае дека ситуацијата на пазарот е тешка и дека дополнително ја отежнаа притисоците и неизвесноста по британската одлука – објаснил директорот на „Џејмис италијан“, Сајмон Благден.
Ќе се затвореле шест ресторани, што би значело и укинување на 120 работни места.
Освен поскапување на состојките потребни за подготовка на храната, причина за затворање на рестораните биле и трошоците за обука на вработените, како и намалената посетеност.
Синџирот ресторани „Џејмис италијан“ ќе продолжел да се развива во странство.
Британија на 23 јуни 2016 година донесе одлука да излезе од ЕУ.