Џихадистите на ИСИЛ во паника: Тргајте ги знамињата и бегајте!


Тргајте ги знамињата и бегајте, наредува главниот командант на џихадистите од Исламска држава, во пресретнат разговор.

Руската воена разузнавачка служба пресретна и сними разговор помеѓу членовите на командата на Исламска држава во Сирија во кои се слуша паника и страв. Медиумите го пренесуваат монологот на главниот командант кој вели:isis 54

На исток, запад, југ… Четири авиони. Напуштете ги базите, напуштете ги позициите колку е можно побрзо. Оставете се, и оружјето и муницијата. Опасно е, опасно е… Ни погодија 300 цели. Слушајте ме сите. Еве го авионот. Каде сте? Јавете се. Гледам четири руски авиони. Откако ќе завршат со ударите, префрлете го вооружувањето. Најдете складиште подлабоко од 15 метри, за проектилите да неможат да го пробијат. Задолжително, тенковите, транспортерите и топовите секој ден преместувајте ги на друга локација и немојте да ги употребувате освен кога е неопходно затоа што се снимаат… Се снимаат. Исклучете ги мобилните телефони и немојте да ги користите и немојте да разговарате ниту преку воки-токи со главните команданти што се на првата линија. Најважно, од сите позиции и објекти тргнете ги знамињата на ИД. Кога ќе ги тргнете знамињата, напуштете ги базите на целото подрачје на калифатот. Браќа, немојте да се плашите… Ќе победиме, ќе го уништиме Башар ал Асад, руската војска ќе биде уништена во Сирија, а крајот на Путин ќе биде во нашите раце, во име на Алах, ако Алах даде .

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1