Џихадистите погубиле 250 жени кои одбиле да станат сексуални робинки


Екстремната сунитска организација Исламска држава погубила во вториот по големина ирачки град Мосул кој е речиси две години под нејзина контрола, погубила 250 жени кои одбиле да им станат сексуални робинки на џихадистите, објавија властите на курдскиот автономен регион.

На сите жртви им било наредено да прифатат „привремени бракови“ со џихадистите на Исламската држава во северниот дел од Ирак, изјави Саед Мамузини, портпаролот на Курдистанската демократска партија (KDP).In a rather shocking revelation, it has been found that Islamic State militants have been selling Yazidi and Christian girls as young as one to nine years of age for a price of $172 in Iraq. Activists working 'secretly' out of Iraq have leaked a 'price list' of the ISIS slave markets, from where men can buy Yazidi and Christian women as 'sex slaves.'  According to a report published by Iraqi News, ISIS has imposed these 'price controls' over the sale of women and spoils of war, including cattle as the market lately has experienced a down-turn.

Меѓутоа, кога тие го одбиле предлогот на терористичките водачи во Мосул, тие биле брутално егзекутирани, во некои случаи заедно со нивните семејства, го цитира курдскиот портпарол британскиот дневен весник Daily Mail.

„Најмалку 250 жени се досега егзекутирани од страна на Исламската држава во градот откако ја одбиле нејзината практика да станат сексуални робинки, а некои девојки биле ликвидирани заедно со нивните семејства, поради одбивањето“, потврдил Мамузини за иранската новинска агенција AhlulBayt.

Друго официјален претставник на Патриотската унија на Курдистан, Ѓајас Сурчи, изјавил дека на жените им било забрането сами да се движат во Мосул и не им е дозволено самите да ги избираат сопружниците.

И претходно изминатите две години имаше извештаи дека Исламската држава врши злосторства против човештвото принудувајќи ги жените на окупираните територии, особено оние од друга конфесија, да стануваат сексуални робинки на џихадистичките борци.

Во август 2014 година, повеќе од 500 жени и млади девојки од етноконфесионалното малцинство Јазиди беа грабнати од страна на Исламската држава, кога навлегоа во регионот Синџар во северен Ирак кога беа убиени повеќе од 5.000 јазидски мажи. Десетици жени се самоубиле за да избегнат да бидат сексуално злоупотребувани од џихадистите.

На 4-ти септември 2015 година терористите од Исламската држава во Мосул довеле голем број жени кои не потекнувале од Ирак и ги користеле како сексуални робинки по наредба на челникот на џихадистите Ибрахим ал-Самараи познат како Абу Бакр ал-Багдади.

На 15-ти септември истата година, Исламската држава погуби 15 жени во заземената воена база Газлани, во близна на Мосул, откако жртвите одбиле да се омажат за борците на терористичката организација, откако претходниот месец биле егзекутирале 19 жени во Мосул.

Хана Навафили, портпаролка на Ирачката опсерваторија за заштита на злоставуваните жени, изјави за арапската агенцијата al-Maalomah, дека на 18-ти јули 2015 година, џихадистите на Исламската држава групно силувале седум жителки на Фалуџа, а потоа ги заклале.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1