Џихадистите со порака за Македонија, Албанија и Косово – Доаѓаме со бомби?!


Терористите на Исламската држава неодамна објавија видео запис во кој отворено им се закануваат на балканските држави, повикувајќи ги муслиманите од овие простори да пристапат кон нивна организација и да започнат напади во своите земји.

Ел Хаџат медиа ценатрот, кој е еден од главните медиуми кој на Западот му доставува пораки од исламистите, го објави споменатиот видео запис под насловот – “Честа е во џихадот, порака за Балканците”.islamisti teroristi djihad

Видео записот трае 22 минути, а во него на англиски јазик се говори за историјата на Балканскиот полуостров и муслиманските заедници во регионот, со посебен акцент на Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.

На видео записот се прикажани припадници на исламската држава кои се токму од Балканот. Неколкумина од нив ги повикуваат останатите муслимани да им се придружат на бојното поле во Сирија и Ирак, каде можат “достоинствено и безбедно да живеат со своите семејства”.

Помеѓу идентификуваните исламисти од видео записот се Абу Билкис, познад по прекарот Ал Албани и Абу Мукатил, или Ал Косово, како и Абу Мухамед ел Босни, кој ги повика сите муслимани да направат хиџра (преселба).

– Многу од вас се жалат дека не можат да пуштат брада или да носат никаб. Сега е вашата шанса, направете хиџра, изјавил Абу Мухамед ел Босни, порачувајќи им на гледачите “да го вратат филмот наназад, во последната војна во Босна и Херцеговина”.

Како и во останатите пропагандни видео записи, џихадистите на оние кои не можат да емигрираат им порачаа да започнат напади против “диктаторите на Косово, Македонија и Албанија, како и на нивните војски”.

– Поставувајте експлозиви под нивните автомобили и домови. Земете отров и сипете им во јадењето или пиењето. Убивајте ги на секое место и каде и да стигнете, велат џихадистите на видео записот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1