НАСА објави фотографија од Европа, сликана од вселената, на која се гледа огромен дождовен облак кој го прекрил речиси цел континент.
Во центарот на облакот се наоѓаат Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, а најзагрозени се источните делови.Облакот дожд ја прекрива речиси цела Европа, без Шпанија и Португалија, а според снимката, најгуст е над Белград и Србија.
Времето во Македонија овие денови е претежно врнежливо, а се очекува така да продолжи и во следните неколку дена. Веќе е средина на мај и сите го очекуваме топлото сонце, но изгледа уште малку ќе мора да се стрпиме.