„Џокер“ се закани: „Секоја седмица ќе убивам по еден муслиман!“


Непознат човек, кој на лицето носи маска од „Joker“, најави дека во Канада, секоја седмица ќе убива по еден муслиман.

За неидентификуваниот човек, кој на видео снимката се заканува со пиштол, трага и канадската полиција, според локалните медиуми.564c657cc46188a95a8b4610_thumb_medium500_278

Видеото кое беше објавено на Јутјуб, набрзо е избришано, а според пишувањата на медиумите, човекот зборувал на акцент како жителите на провинцијата Квебек.

– Почнувам да убивам Арапи и муслимани, по еден секоја седмица, изјавил во видеото.

После нападите во Париз, муслиманите станаа мета на чести напади во Канада, а пред неколку дена беше запалена и џамија во Онтарио.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1