Џорџ Клуни е заљубен како тинејџер, Амал го следи каде и да снима


Џорџ Клуни е еден многу среќен маж. Неговиот брак со Амал Клуни(38) со месеци беше под знак прашање, бидејќи никој не веруваше дека парот ќе успее.

Но како што изминува втората година, а тие и понатаму се во среќен брак, на нагаѓањата им дојде крај.

Овие денови Џорџ вредно работи на снимање на својот нов филм, а Амал го користи секој слободен момент да го посети на сетот.amal-kluni

Во вторникот таа на сетот се појавила облечена во ретро стил. Трапез фармерките со цветен дезен одлично прилегаа на нејзината фигура, а краткиот жолт џемпер го откри виткиот струк на адвокатката. Печат со единствен стил дала кафената торба со долги реси.

Амал при средбата со својот маж страсно го бакнала и прегрнала не грижејќи се за папараците, а Џорџ задоволно се смешкал. Во Холивуд се шушка дека Џорџ е заљубен како тинејџер и дека Амал го следи каде и да снима.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1