Иако пред три месеци се заколнаа на вечна љубов, нивната среќа сепак не траеше долго.
Во последните неколку недели медиумите шпекулираа дека познатата двојка планира дете, Џорџ сакал но Амал не, а сега следува нов шок, дека тие се разведуваат.
36 годишната Амал наводно се уште не била подготвена да стане мајка, анонимен извор тврди дека познатата адвокатка со бременоста сакала да причека барем уште една година. Но најголемиот заводник во Холивуд по 20 години ергенски живот преку ноќ сака да има комплетно семејство.
Извори блиски на Амал и Џорџ тврдат како новата брачна двојка има се поголеми проблеми во бракот.
-Таа и Џорџ нема да успеат. Се расправаат често, на нас сите ни е јасно дека најпознатиот светски ерген едноставно требаше да остане неоженет. Нема изгледи дека нивниот брак ќе потрае, изјави анонимен извор близок на двојката.
Сепак засега нема официјални информации за овие шпекулации, времето ќе покаже дали навистина Џорџ и Амал имаат проблеми во бракот.