Познатата адвокатка Амал и актерот Џорџ Клуни ќе добијат бебе, шпекулираат медиумите откако Амал била фотографирана со „стомаче“ во познат ресторан во Лос Анџелес.
Амал е многу слаба, па стомакот кој го покажала синоќа, не може да се поврзе со вишок килограми. Двојката се венча пред неколку месеци во Венеција, а венчавката беше прав медиумски спектакл. Амал на церемонијата смени четири фустани, а ни Клуни не заостана во елеганцијата.
Познатата адвокатка го промени животот на долгогодишниот ерген, а раѓањето на нивното бебе би бил најголем пресврт во нивната врска.