Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал очекуваат близнаци


Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал очекуваат близнаци, соопштија италијанските медиуми, цитирајќи го либанскиот весник The Daily Star. Според него, тие ќе се родат во март.kluni amal

Либанскиот весник цитира извор близок до семејството на Амал Аламудин во Бејрут. Во 2015 година актерот рече дека “децата не се негов приоритет”, а еден месец подоцна коментираше дека има желба, но дека на “двајцата со жена му им треба време”.
Во август пак се прошири веста, која и до денес не е потврдена дека двојката почнала постапка за вештачко оплодување. Единственото нешто што засега е сигурно се зборовите на Џорџ Клуни за списанието Венити Феар”, со кои тој повика “Дајте ни шанса”.

Това беше одговор на прашањето дали со Амал имаат намера да имаат деца. Аргументот “деца” е еден од најмногу посочуваните зборувани во медиумите, кога станува збор за Џорџ и Амал, откако двајцата се венчаа на спектакуларна церемонија во Венеција во септември 2014 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1