Џорџ Клуни се верил


Еден од најпознатите ергени на светот, глумецот Џорџ Клуни (52), се верил.  „Пипл“ од извори блиски до Клуни тврди дека славниот глумец се свршил со Амал Аламудин (36), британска адвокатка, која во моментот е во правниот тим на основачот на Викиликс Џулијан Асанж.

kluni i advokatkaНаводно Клуни бил тој кој ја предложил свршувачката, а споменатиот извор тврди дека глумецот и неговата поубава половина не сакаат на целиот свет да ја разгласат веста, но дека не се обидуваат ниту да ја скријат.

– Имам чувство дека на сите луѓе на кои им се драги би сакале да им стават до знаење дека ова е вистинско, реално, дека планираат да останат заедно засекогаш  – порачал извор за „Пипл“.

Двојката засега нема конкретни палнови за венчавање, а се свршиле неодамна. Тие во четвртокот се видени во Малибу, во Калифорнија во друштво на манекенката Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер.

Додека вечерале, Амал на Синди и го покажала прстенот на левата рака, тврди друг неименуван извор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1