Џорџ Мајкл за настап од еден час заработил 3 милиони долари


Од 80-те до денес, Џорџ Мајкл беше еден од најплатените и најуспешните музичари, а имал и многу високи хонорари.

Богатството на Мајкл се проценува на сто милиони фунти, кои ги заработи со огромните хитови кои со години беа на врвот на светските топ листи.majkl-djordj

Погледнете ја кариерата на Мајкл во бројки.

– Во шест милиони примероци е продаден неговиот соло сингл „Careless Whisper“.

– Над 100 милиони албуми продаде Џорџ Мајкл ширум светот.

– Во 20 милиони примероци е продаден неговиот прв соло албум „Faith“.

– Цели три години траеше неговата последна турнеја „25 Live“.

– 14 недели неговиот сингл „I want your sex“, и покрај цензурите, се задржа на првото место на листата Billboard Hot 100.

– Тој има издадено пет студиски албуми, две компилации и еден албум во живо.

– 12 синглови на Џорџ Мајкл биле на прво место во Британија.

– Десет негови синглови биле на прво место во САД.

– 21 музичка награда освои во текот на кариерата.

– „25 Live“ беше негова најмасовна турнеја во кариерата.

– 106 концерти имаше во текот на „25 live“ турнејата во 41 држава, со заработени 200 милиони долари.

– Три милиони долари, рускиот тајкун Владимир Потинин му платил на Џорџ за едночасовен новогодишен концерт во Москва.

– Пет топ манекенки: Наоми Кембел, Татјана Патиц, Синди Крафорд, Линда Евангелиста и Кристи Тарлингтон се појавија во неговиот познат спот „Freedom“.

– 112 милиони долари проценето е неговото богатство во 2011 година.

– 400 верзии на познатиот хит „Last Christmas“ изработени се од 1984 година.

– Тој имаше 53 години кога почина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1