Џорџ Сорос под истрага – сомнителни се неговите инвестиции во Хербалајф


Американската Комисија за хартии од вредност почна истрага против милијардерот и левичарски политички активист Џорџ Сорос, поради обвинувања дека инвестицискиот фонд во сопственост на неговото семејство нелегално користел информации при тргување со акции на маркетинг компанијата Хербалајф, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

George-SorosИстрагата доаѓа по обвинувањето на инвеститорот Бил Акман дека Хербалајф, која вработува илјадници луѓе низ светот како агенти за продажба на производи за слабеење, е пирамидална шема која ќе ги измами своите агенти кои меѓусебно се поврзани и повикани постојано да ангажираат нови агенти. Акман и Сорос неодамна тргуваа со акциите на Хербалајф, при што Акман загубил големо количество пари продавајќи ги нејзините акции, додека Сорос го зголемува својот влог во Хербалајф.

Весникот „Њујорк пост“ пишува дека, по овие зделки, и обвинувањата изнесени од Акман, Комисијата за хартии од вредност разговарала со Пол Сон, менаџер во фондот на Сорос. Акман обвинува дека, на состанок со повеќе инвеститори во Њујорк, Сон ги известил дека Сорос сака значително да вложи во Хербалајф и е блиску до пет процентна сопственост врз компанијата, по што вредноста на акциите се зголемила, а Акман, кој се повлекувал од компанијата, се нашол во сериозна загуба. Според Акман, ова споделување на информации со инвеститори е прекршување на берзанските правила и влијаело врз цената на акциите, и тоа со цел да му нанесе штета на неговиот интерес.

– Џорџ Сорос ја скрши Банката на Англија, ќе ја скрши и банката на Акман, рекол Сон на состанокот, пишува „Њујорк пост“, повикувајќи се на инвеститор кој бил присутен на состанокот.

Изјавата се однесува на берзанската шпекулација со вредноста на британската фунта во 1992 година, со која Сорос заработи над милијарда фунти нанесувајќи и штета на Банката на Англија од над три милијарди.

Весникот пишува дека покрај Сорос и Акман, и повеќе инвеститори кои имаат долготрајно меѓусебно ривалство како Карл Икан и Ден Лоеб, се вмешани во борба околу вредноста на акциите на Хербалајф.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1