Таа тврди дека Јованка залудно барала помош изминатите години.

vnuka jovanka– Лага е дека Јованка одбивала да се лекува. Кој нормален човек би дбил лекарска или геронтолошка нега, сестри и лекари кои и биле неопходни како на секој стар човек. Таа барала помош но никој не одговорил. Некои од оние кои сега наводно се грижат за нејзиното здравје не дозволија да и се помогне – вели Нада Торлак.

– Каде бевте сите овие години, ги прашувам јас нив. Живееше под секое човечко достоинство, никој не заслужува таков третман – вели Нада за Блиц.

Јованка броз на 23 август беше примена во полусвесна состојба во болница во Белград. Неколку дена потоа здравјето малку и се подобри, а медиумите пренесоа дека во болницата изјавила дека ја радува што добива поддршка од голем број на луѓе кои се интересираат за нејзината состојба.