SeseljХархоф сигурно не очекуваше ваков расплет на настаните , кога одлучи да го критикува судијата Теодор Мерон кој донесе ослободителна пресуда за хрватскиот генерал Анте Тотовина. Тогаш Хархоф им пиша на 56  судии дека  ослободителната пресуда за Готовина е плод на притисокот што Теодор Мерон го извршил врз останатите судии.

Писмото во кое судии од хашкиот трубунал за прв пат се обвинети од свој колега дека работат под притисок на владите на Америка и западните земји го искористи Шешељ кој побара отповикување на Хархоф. Интресен е фактот што барањето за отповикување, Шешељ го испрати директно до ривалот на Хархоф – Теодор Мерон.

Се чини дека судиите и немаа избор освен да го иземат Хархоф како би  го заштитиле нарушениот кредибилете на судот. Адвокатот на Шешељ оди и чекор понатаму – според него бидејки нема одредено заменик судија за случајот на неговиот клиент ,  Шешељ наскоро ќе биде и ослободен ,а тужбите против него ќе бидат отфрлени.

Нема коментар од Хаг дали е можен ваков расплет .На Војислав Шешељ му се судеше за иволвираност во воени злосторства.Тој сам се предаде во 2003 та,а судскиот процес против него формално  почна дури во 2007 мата,но беше одложен и стратуваше дури во 2009 та .