Џулијани ќе биде првиот човек на Трамп: Што зборувал за бомбардирањето, за Србите и Американците


Џулијани ја посетил српската престолнина во 2012. година и на прес-конференцијата одговарал на прашања, а едно од нив било за неговата поддршка на бомбардирањето на Србија во 1999. година.

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани, е главен кандидат за државен секретар на САД во администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, пренесува денес Reuters. Доколку биде избран за шеф на Стејт Департментот, ќе биде десна рака на новоизбраниот претседател.

72-годишнито Џулијани бил еден од најгласните и најважни приврзаници на Доналд Трамп во текот на предизборната кампања, и често држел воведни говори за новиот шеф на Белата куќа, остро напаѓајќи ја демократската кандидатка Хилари Клинтон.rudolf-djuliani-drzaven-sekretar-01

Наведено е дека Џулијани го поддржувал Трамп уште од самиот почеток на кампањата и дека тие двајца се пријатели долги години.

“Доколку Руди го сака тоа, ќе го добие”, рекол во емисијата “The Kelly File” на Fox News поранешниот претседател на Претставничкиот дом на Конгресот, Њут Гингрич, кој додал дека можеби Џулијани бил позаинтересиран за функцијата државен обвинител на САД, или Министер за државна безбедност.

Гингрич сепак смета дека Џулијани би вршел одлична задача како државен секретар на Трамп.

“Тој е веќе познат ширум светот”, навел Гингрич.

Рудолф Џулијани е Американец од Бруклин. Потекнува од имигрантско работничко италијанско семејство. Имал врски со организираниот криминал и мафијата, па поради казнено дело напад и разбојништво бил осуден на казна затвор која ја отслужил во затворот Синг Синг. По католичкото основно и средно училиште, се запишал на Њујоршкото училиште за право на Менхетн.

Откако дипломирал, Џулијани започнал професионална кариера на суд, за во 1970. година да премине на работа во државна служба, каде започнува неговата успешна кариера како борец против корупцијата. Вртоглавиот пробив во државната служба го започнал за време на владеењето на Роналд Реган, а за тоа време се истакнува во неколку многу познати случаи на прогон и убиства на лидери на мафијашки семејства во САД. По владата на Реган, Џулијани кариерата ја продолжил во приватниот сектор.

Во политиката влегол во 1989. година, кога сакал да стане градоначалник на Њујорк, како претставник на Републиканската партија на изборите. По поразот од демократскиот кандидат, се обидел повторно во 1993. година, и победил. И втор пат бил избран на истата функција, во 1997. година. Три години подоцна, во 2000. започнал кампања за сенатор, но се откажал од неа, наведувајќи здравствени проблеми како причина.

Својата најголема политичка слава ја доживеал за време на и по терористичките напади на Њујорк на 11. септември 2001. година, кога несебично се ангажирал на отстранување на последиците од нападот. Тогаш го добил прекарот градоначалник на Америка, и бил прогласен за личност на годината во 2001. од страна на Time. Во февруари 2007. ја објавил својата кандидатура на претседателските избори во 2008. Меѓутоа, по поразот на предизборите во Флорида, ја повлекол кандидатурата.

Како политичар се истакнал со практичните способности при унапредувањето на градскиот живот во Њујорк, намалувајќи ја стапката на криминал. Се женел три пати, а има и две деца од вториот брак.

Џулијани ја посетил српската престолнина во 2012. година, како гостин на Српската напредна партија и Александар Вучиќ. Во Домот на младината одржал предавање за лидерство. Џулијани, во рамките на предавањето, рекол дека Белград има потенцијал да биде голем град, но дека има и големи проблеми.

Поранешниот градоначалник на Њујорк тогаш рекол дека Србија и САД треба да развиваат пријателски односи и истакнал дека дошол во Белград за да даде совети за унапредување на економскиот развој на Србија, пренесува Telegraf.rs.
Тој на прашањето на новинарите на конференцијата во Белград, за неговото поддржување на бомбардирањето на Србија во 1999. година, раскажал приказна за близок роднина кој учествувал во војната против Јапонија, и дека тој денес во таа земја има најмногу бизниси и добри пријатели во таа земја.

“Вие зборувате за период од пред многу години. Мора да одиме напред и да ги решаваме проблемите кои се пред нас и Србија и Америка треба да развиваат пријателски односи”, рекол Џулијани.
Тој пловел и на Сава, и кажал дека изгледа валкано и уништено и дека потсетува на Њујорк од пред многу години.

“Сето тоа може да се промени. Србија е прекрасна земја. Имате вреден народ и сите елементи Белград да стане прекрасен град”, рекол Џулијани.

Извор: Точка

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1