Изгледа дека ограбувачите на гробници не биле заинтересирани за играта, па успеала да остане скриена во гробницата 1500 години. Станува збор за фигура со броеви, а покрај неа е најдена и искршена плоча која очигледно служела за истата игра.
Играта е најдена близу градот Кингжу, во источна Кина. Археолозите успеале да ја реконструираат плочата и откриено е дека била декорирана со две очи, заокружени со цртежи на облаци и молњи.
Фигурата е направена од животински заб и има 14 страни, а е нумерирана со броеви од еден до шест напишани на древен стил на кинеска калиграфија. Секој број е испишан по два пати, а две страни се оставени празни.
Научниците тврдат дека оваа древна кинеска игра се вика „бо“ или „лиубо“, која била популарна во династијата Хан. Смислена е кон средината на првиот милениум пред Исус, а основните правила на играта не се познати, бидејќи никој не ја играл веќе 1500 години.
Тоа што е интересно е што во гробницата се најдени скелети од кои ограбувачите ископале многу скапоцености, но оваа игра ја оставиле.