Дибиров: Ако сега не му се помогне на Вардар, треба сите да ги оставиме патиките


Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров по вечерашното освојување на титулата во Лигата на шампионите изјави дека сега е време некој да излезе во пресрет и да му помогне на клубот.

Вардарци имаа исклучително тешка сезона, откако ракометарите немаат земено плата со месеци, но и покрај тоа „црвено-црните“ се искачија на европскиот ракометен трон.

„Имавме пократок ростер, но ние летавме на терен затоа што Вардар за нас е живот. Имавме одличен натпревар, дојдовме на врвот. Ако после оваа титула никој не ни помогне да ја средиме ситуацијата, тогаш сите да ги соблечеме патиките и да ги завршиме кариерите. Ако некој остане рамнодушен по ова, тогаш не знам што да кажам. Оваа титула е поголема од првата, затоа што знаеме низ што се минавме. Среќни сме што си го остваривме сонот“, изјави Дибиров.

Тимур Магомедович Дибиров е руски ракометар, роден 1983 година во Петрозаводск. Игра за руската ракометна репрезентација, а од 2013 година игра за македонскиот ракометниот клуб Вардар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1