Дигнале паника дека некој им го украл бебето – а тие го заборавиле во багажник


Млади родителите од Лесковец направиле вистинска драма во градот вчера кога се посомневале дека некој им го украл бебе кое само што го зеле од родилиштето.

bebe korpaРодителите Д.С. (24) и Ж.С. (20) откако го зеле новороденчето од болница застанале да пазарат во една продавници кога излегле забележале дека на задното седиште од автомобилот, каде тие велеле дека го оставиле, го нема нивниот штотуку роден син, објавува српски „Курир“.

„Кој го украде Синиша, да цркне да даде Бог. Рацете да му се исуат, да полуди и побудали до крајот на животот“, викале на цел глас родителите.

Голем број граѓани се собрале околу автомобилот и се обиделе да помогнат да се пронајде детето но, додека таткото ја отворал вратата од автомобилот се слушнал плач, четири годишната ќерка на брачната двојка момент подоцна рекла дека бебето е во багажникот. Кога го отворила го пронашле бебето кое до тој момент мирно спиеле.

Таткотo подоцна раскажал дека од возбуда поради раѓањето на синот се збунил па носилката заедно со бебето наместо на задното седиште го ставил во багажникот и се до излегувањето од продавницата не забележале дека бебето го нема.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1