Тачи: Неприфатливо е Албанците да гласаат за претседателски кандидат Македонец


Неприфатливо е во 21 век да не’ принудуваат да размислуваме и да гласаме за претседателски кандидат Македонец, изјави вчерa, Мендух Тачи.

taci menduhЛидерот на ДПА говореше на форумот организиран од страна на жените од Демократската партија на Албанците во Македонија. Во своето обраќање Тачи нагласи дека тие како партија имаат одличен кандидат за претседател на Македонија, а државата е во вонредни недоразбирања кои ни прават некои Албанци.

-Незамисливо е во 21 век да не притискаат да размислуваме и гласаме за еден македонски кандидат. Што треба да значи ова, целосно компромитирање на нашите барања. И од тука излегува главната причина зошто ние професорот Илјазин го кандидиравме за претседател. Тој е единствен албански кандидат, само за да не ги засрамиме Албанците во Македонија, рече Тачи.

Kurir

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1