Патник од исчезнатиот авион контактирал со семејството


Семејството на кинески патник од исчезнатиот авион на летот од Куала Лумпур до Пекинг контактирало со него. Малезиските власти се обидуваат со помош на телефонскиот сигнал да го лоцираат авионот.

kontrolaСпоред кинеската државна телевизија, семејството се јавило на мобилниот телефон на патникот и остварило контакт со него, по што се прекинала врската.

Авионот на малезискиот нaционален авиопревозник MAS со 227 патници и 12 челнови на екипажот, полета од малезиската престолнина Куала Лумпур кон кинеската Пекинг два часа по полетување, околу 2.40 часот наутро, по 20 часот во петокот по македонско време, кога се наоѓал на Јужното Кинеско Море.

Анализите на податоци од радар покажуваат дека исчезнатиот малезиски авион „Боинг 777“ можно е да свртел и тргнал да се враќа назад, истакна Роѕали Дауд, командант на малезиските кралски военовоздухопловни сили.

Во два случаи се знае дека во авионот патувале мажи кои се претставиле како Италијанецот, Луиџи Маралди и Австриецот, Кристиан Козел. Властите во Рим и Виена потврдија дека овие две лица не биле во авионот, бидејќи претходно пријавиле дека нивните пасоши се изгубени во Тајланд.

Овој детал, заедно со информацијата за мистериозното исчезнување на авионот во одлични временски услови, наведува на мисла дека авионот можеби е мета на терористички напад. Борци на Ал Каеда користеле слична тактика со украдени пасоши да се обидат да го скријат идентитетот.

Видео: Моментот кога му свртеа на патник од исчезнатиот авионот на ТВ во живо – погледнете

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1