Видео: Моментот кога му свртеа на патник од исчезнатиот авионот на ТВ во живо – погледнете


Семејството на кинески патник од исчезнатиот авион на летот од Куала Лумпур до Пекинг тврди дека контактирало со него.

Mobile-MH370-3222950И други семејства на патници кои биле во авионот информирале дека биле во можност да зазвонат на телефоните на нивните блиски – но никој не одговорил на другата страна.

На ова видео е моментот кога едно семејство на телевизија во живо се обидува да го добие патникот вртејќи му на телефон. Телефонот ѕвони – а потоа се исклучува.

Малезиските власти се обидуваат со помош на телефонскиот сигнал да го лоцираат авионот.

Авионот на малезискиот нaционален авиопревозник MAS со 227 патници и 12 челнови на екипажот, полета од малезиската престолнина Куала Лумпур кон кинеската Пекинг два часа по полетување, околу 2.40 часот наутро, по 20 часот во петокот по македонско време, кога се наоѓал на Јужното Кинеско Море.

kontrolaАнализите на податоци од радар покажуваат дека исчезнатиот малезиски авион „Боинг 777“ можно е да свртел и тргнал да се враќа назад, истакна Роѕали Дауд, командант на малезиските кралски военовоздухопловни сили.

Во два случаи се знае дека во авионот патувале мажи кои се претставиле како Италијанецот, Луиџи Маралди и Австриецот, Кристиан Козел. Властите во Рим и Виена потврдија дека овие две лица не биле во авионот, бидејќи претходно пријавиле дека нивните пасоши се изгубени во Тајланд.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1