Дијана Пантиќ, 29-годишна девојка вработена како продавачка во книжарница во Пожаревац, претрпела мобинг на работното место бидејќи си ја побарала платата за која чесно и макотрпно работи.
Девојката за српските портали тврди дека добила шлаканица од газдарицата, Милена Павловиќ, само бидејќи прашала кога ќе и пушти плата. Од друга страна, газдарицата се брани дека Дијана воопшто не е нејзина вработена.
– Прво и пратив порака, а таа ми возврати со навреди. Утредента ја повикав да разговараме во книжарницата, а таа рече дека не може. Она што следеше беше страшно, рекла девојката.
Дијана додава дека Милена дошла во книжарницата, почнала да и вика и да ја навредува, и велела дека нема исполнет живот, дека е за никаде, а потоа и удрила шамар.
Таа три часа не можела да дојде на себе и решила за се да пријави во полиција.
Сега газдарицата на книжарата ќе одговара за она што го направила.