ДИК без претседател – Кондарко си поднесува оставка


Претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко најверојатно ќе си поднесе оставка. За тоа веќе се разговарало во СДСМ, од каде што е делегиран претседателот на ДИК. Информацијата вечерва во интервју за 24 вести ја потврди и лидерот на СДСМ Зоран Заев.

boris_kandarkoНа новинарско прашање зошто Кондарко не алармира дека има проблеми со избирачкиот список и зошто не си поднесе оставка, Заев вели дека Кондарко најверојатно ќе се збогува со оваа позиција.

“Најверојатно и ќе си поднесе оставка. Ние веќе разговараме за оваа работа, бидејќи ова веќе не е издржливо. Не може да носите вина. Министерството за внатрешни работи го комплетира избирачкиот список“ – вели Заев.

Тој смета дека Кондарко нема можност да делува на вистинско прочистување на избирачкиот список бидејќи во ДИК нема мнозинство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1