ДИК досега делумно прифати дваесетина приговори


Вчера во 19 часот заврши законскиот рок од 48 часа во кој Државната изборна комисија требаше да се изјасни за приговорите поднесени од изборниот процес и на резултатите од гласањето на локалните избори 2013 година.

izboriДИК, која започна со разгледување на приговорите завчера и е во постојано заседание, разгледа повеќе од половината поднесени забелешки за нерегуларности на изборниот процес од страна на политичките партии. Досега делумно се прифатени и со можност за прекршочни пријави или дисциплински постапки дваесетина приговори. Овие приговори се однесуваат генерално на прекршоци направени од страна на членови на избирачките одбори.

Делумно е прифатен еден приговор од СДСМ за Охрид што не влијае врз резултатите од гласањето.

По истекот на рокот политичките партии ќе имаат повторно 48 часа да поднесат тужби до Управниот суд чии одлуки се последни и конечни и по кои ќе се знае дали и каде ќе има прегласување.

Рокот на Управниот суд завршува во понеделник, а веќе во вторник или среда треба да се изврши печатењето на избирачките ливчиња за вториот круг од изборите што треба да се одржи на 7 април

Dnevnik

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1