Фотоапарат изгубен пред шест години на Хаваите, „доплива“ до сопственичката


Една жена од Џорџија си го доби назад својот апарат и фотографиите, откако апаратот кој го изгубила во 2007 година на Хаваи, е пронајден насукан на Тајван.

aparatЛинзи Скалан била на одмор на Хаваи кога за време на ноќното нуркање го изгубила својот фотоапарат. Таа за локалните медиуми изјави дека неодамна на Фејсбук добила порака од другар од средно училиште, кој и кажал дека неговата сопруга видела напис на веб страницата на хавајската телевизија за изгубен фотоапарат.

Скалан рече дека вработен во авиокомпанијата Чајна ерлајнз го пронашол апаратот и дека сите фотографии се уште се на мемориската картичка.

Авиокомпанијата се понуди на Скалан да и го плати патот до Тајван за да си го земе апаратот и да го запознае човекот кој го пронашол.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1