Државаната изборна комисија ги одби како неосновани сите 66 приговори на ВМРО-ДПМНЕ, поднесени за сите избирачки места во општина Центар. Со ова останува победата на Андреј Жерновски на локалните избори.
Сите приговори на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваа на повреда на тајноста на гласањето – бидејќи набљудувачи на СДСМ прашувале некои гласачи од каде се, дали го знаат македонскиот јазик
ВМРО-ДПМНЕ има право на жалби до Управниот суд, чии одлуки се конечни.
Во ДИК ќе продолжи расправа по приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за Струга.