Гласањето во вториот круг од Локалните избори во сите 35 општини тече непречено и не се забележани никакви проблеми во текот на гласањето, соопшти Државната изборна комисија.
Портпаролката на ДИК Љупка Гугчевска на прес-конференција соопшти дека излезноста до 13 часот од обработени 99,8 проценти на ниво на Република Македонија изнесува 24, 38 проценти.
Таа посочи дека до ДИК досега нема поднесено приговор ог гласачите за повредено избирачко право. Инаку граѓаните имаат рок од 24 часа да поднесат приговор доколку е поврдено нивното избирачко право.
Потсети на бесплатната телефонска линија за пријавување неправилности.