Дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов, нема право на вето по однос на аукцијата која Министерството за финансии ќе ја одржи утре.
Оваа е одлука на Државната изборна комисија.
Одлуката на ДИК е конечна. Тоа значи дека утрешната аукција на која треба да бидат запишани државни хартии од вредност во износ од околу 100 милиони евра ќе се одржи според планираното.